16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп зел 184 тајни документи од Белата куќа,тврди дека не е виновен

Американското Министерство за правда вчера, под заклетва, објави редактирана верзија на правниот документ врз основа на кој ФБИ изврши претрес во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида.

Документот за кој станува збор содржи 38 страници, од кои една третина е речиси целосно затемнета, со цел да се зачува интегритетот на самата истрага, но и да се заштитат одредени сведоци и учесници во истрагата. Сепак, документот би можел да понуди детали за наводните криминални активности на претседателот Трамп, поради што е извршен претресот.

Понатаму се наведува дека дури 14 од 15 кутии и вкупно 184 доверливи документи, пронајдени во одморалиштето на Трамп биле означени како строго доверливи, а пронајдени се и други посебни информации кои ги напишал самиот поранешен претседател.

Наведено е и дека има одреден број документи кои Доналд Трамп ги зел од Белата куќа откако престанал да биде претседател, со тоа што подоцна, во текот на овој мај, биле предадени на Националниот архив. Објавено е и писмо од адвокатот на Трамп, во кое се жали на истрагата и претресот што се случи пред нешто помалку од три недели, со наводи дека Трамп има овластување да ја отстрани ознаката за тајност од пронајдените документи.

Според судски документ, доверливите документи што ги чува Трамп во Мар-а-Лаго, веројатно содржат некои од најстрого чуваните тајни на американската агенција за национална безбедност. Помеѓу документите доставени до Националниот архив претходно оваа година, агентите на ФБИ пронајдоа чувствителни записи кои може да содржат разузнавачки информации од Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Некои записи имаат ознака HCS, што може да се однесува на информации за шпиони во странски земји чии животи би биле во опасност доколку се открие нивниот идентитет. Други се означени како ФИСА, повикувајќи се на собирање разузнавачки информации за лица осомничени за шпионажа или тероризам.

Агентите пронајдоа и записи кои може да содржат пресретнати странски комуникациски сигнали и разузнавачки информации кои не се наменети за објавување на странски влади или државјани, како и записи што не се наменети да се споделат без овластување од оригиналниот сопственик.

Трамп реагираше на објавувањето на документите на неговата мрежа.

Тој го нарече „тотална измама со односите со јавноста“ од страна на ФБИ и Министерството за правда и го обвини судијата дека има личен непријателство кон него. Тој тврди дека соработувал со ФБИ.

„ЛОВ НА ВЕШТЕРИ!!! Трамп напиша во една објава, користејќи една од најчестите фрази што ги користи за да се прикаже себеси како жртва на непријателски заговор, и повторно ја опиша потрагата на ФБИ како „провална кражба“.

Тој сподели и аудио снимка на која вели дека „не направил ништо лошо“.

„Не направив ништо лошо. Всушност, бевме нападнати. Тие упаднаа. Ги отворија сефовите, ги внесоа сефовите. Донесоа многу, многу агенти на ФБИ – и сето тоа во време кога анкетите покажуваат дека имам огромна поддршка“, рече тој.

„Ова е срам за нашата земја“, додаде тој.

Спонзорирано: