9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Георгиевски: Поголеми цени и рекорден извоз на македонското вино

Вистинските мерки и политики што изминатите години ги реализира Владата предводена од СДСМ, за помош и поддршка на лозарството и винарството даваат конкретни, видливи резултати. Постигнати се историски највисоките цени за откуп на грозјето, зголемени за 30 отсто во однос на претходната година, изјави на денешната прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.

Дополнителни 2 денари за килограм откупено грозје, се обезбедени од Интервентниот фонд за земјоделството, кој со ребалансот на Буџетот е зголемен од 400 на 900 милиони денари, наменети за поддршка на оваа стопанска гранка во услови на криза.

Георгиевски додва дека ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари по килограм, цената на откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревката и 17 денари за вранец.

СДСМ низ партнерски однос и со лозарите и винариите, обезбеди рекордна помош за секторот. Вложувањата и поддршката на лозарите и винариите доведе до зголемување на производството на грозје и вино и раст на извозот, вели Георгиевски.

Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност. И тоа се повеќе флашираното, го заменува извозот на налевно вино.

Минатата година македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од 19% во споредба со 2020 година.

Македонските вина како препознатливи по својот квалитет следното претставување ќе го имаат во рамките на иницијативата Отворен Балкан, на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам што ќе се одржи во Белград.

Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина.

Ова е можност за поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските вина.

Продолжуваме заедно со лозарите и винариите да креира мерки за помош и поддршка на лозарството и винарството, како гранки со висок потенцијал за развој и извоз, изјави Георгиевски.

Спонзорирано: