Крајбрежната стража спасила повеќе од 80 патници и членови на екипажот од траект што се запали на Филипините додека се приближуваше кон пристаниште јужно од главниот град Манила.
Само двајца патници се уште се водат како исчезнати.
Фериботот, со вкупно 87 патници и членови на екипажот, вчера патувал од Калапан Сити во провинцијата Ориентал Миндоро, а бил оддалечен повеќе од еден километар од пристаништето Батангас, кога на една од палубите се појавил чад и пламен, изјавиле спасените патници, пренесе АП.
Фериботот, може да превезе најмногу околу 400 патници, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека причината за пожарот се уште не е позната и дека истрагата е во тек.
Спонзорирано: