14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
СВЕТ

Медведев: Русија нема да ја запре војната, дури и ако Украина се повлече од НАТО

Најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, во петокот изјави дека Москва нема да ја прекине својата воена кампања во Украина дури и ако Киев официјално се откаже од своите аспирации да се приклучи на НАТО алијансата.

Поранешниот претседател Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, исто така во интервју за француската телевизија рече дека Русија е подготвена да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски под одредени услови.

„Напуштањето на учеството во НАТО е од витално значење, но не е доволно за воспоставување мир“

Пред инвазијата на Украина во февруари, Москва јасно стави до знаење дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за неа.

„Напуштањето на учеството во Организацијата на Северноатлантскиот договор сега е од витално значење, но тоа е недоволно за воспоставување мир“, изјави Медведев за телевизијата ЛЦИ во цитати кои ги пренесуваат руските новински агенции.

Русија, рече тој, ќе ја продолжи кампањата додека не ги постигне своите цели. Путин вели дека сака да ја „деназифицира“ Украина. Киев и Западот велат дека тоа е неоснован изговор за освојувачка војна.

„Бевме подготвени да се сретнеме со Зеленски и претходно“

Од почетокот на инвазијата, Русија и Украина одржаа неколку рунди преговори, но тие не постигнаа напредок и има мали изгледи за продолжување.

„Разговорите ќе зависат од тоа како ќе се одвиваат настаните. Бевме подготвени да се сретнеме со Зеленски и претходно“, рече Медведев.

Во своите коментари, тој исто така рече дека американското оружје што е веќе доставено во Украина, како што се повеќецевните ракетни фрлачи ХИМАРС, сè уште не претставуваат значителна закана.

Но, тоа може да се промени, рече тој, ако оружјето што го испраќа САД може да погоди цели на поголеми растојанија.

„Тоа значи, кога овој тип на проектили лета 70 километри, тоа е една работа“, рече тој. „Но, кога ќе прелета 300 до 400 километри, тоа е друга работа, тогаш тоа би било директна закана за територијата на Руската Федерација“, рече Медведев.

Спонзорирано: