26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

100 туристи добиле труење со храна во Будва, сите јаделе во ист ресторан

Најмалку 96 туристи наводно добиле труење со храна во ресторан во Будва, потврдија повеќе извори за порталот Дана.

Станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле гости во еден ресторан. Сите биле сместени или добиле медицинска помош во болниците во Котор, Бар и Цетиње, пишува црногорскиот портал Дан.

Во општина Будва е потврдено дека има труење со храна и дека гостите на ресторан контактирале со медицински установи поради стомачни проблеми.

Порталот Дан засега официјална потврда добил само од Општата болница во Котор каде синоќа биле примени голем број туристи со стомачни тегоби.

– Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15-16 години. Донесени се со акутен синдром – повраќање. Сите беа брзо згрижени и утрово повторно беа направени лабораториските анализи. После тоа, утрово околу 11 часот се пуштени на домашно лекување, изјави за порталот Дан директорот на которската болница д-р Давор Кумбуровиќ, пренесува Дан.

Се уште не успеавме да добиеме официјална потврда за останатите туристи кои се затруле и за објектот каде што јаделе. Во Здравствениот дом во Будва дури ни рекоа дека не знаат за што се работи, додека во државните институции никој не сака да зборува за тоа, бидејќи е неработен ден, пренесува црногорски Дан.

Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ и општинската администрација им стојат на располагање на туристите кои имаат здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.