8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандските железничари штрајкуваат барајќи повисоки плати

Вработените во холандските железници започнаа штрајк во западниот, најнаселен дел од земјата и бараат зголемување на платите за да се компензира вртоглавата инфлација. Железничкиот оператор НС објави дека тоа значи дека услугите ќе бидат прекинати и во другите делови на Холандија, вклучително и меѓународните линии до Белгија.

„Користете друг превоз или одложете го патувањето. Нема да сообраќа автобус за замена“, се вели на веб-страницата. 24-часовниот штрајк е веќе втор за три дена по првиот штрајк на северот на земјата. Синдикатите протестираат поради прекинот на преговорите со раководството за колективниот договор при што побараа повисоки плати.

Потрошувачките цени во Холандија се очекува да пораснат за 9,9 отсто во 2022 година, а следната година се очекува раст од 4,3 отсто. Синдикатите ФНВ, ВВМЦ и ЦНВ планираат уште три 24-часовни штрајкови: в понеделник во северозападниот дел на земјата, во вторник во централна Холандија и в среда во југоисточниот дел.

Спонзорирано: