17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Повеќе мртви во престрелка во Цетиње; убиени и деца, полицијата го ликвидира напаѓачот

Во денешната престрелка во Цетиње загинаа нанмалку 11 лица, меѓу кои и деца, јавуваат медиумите.

Во престрелката се ранети непознат број луѓе. Еден припадник на полицијата е тешко ранет во главата.

Во Општата болница во Цетиње има неколку повредени.

Три лица со повреди опасни по живот се хоспитализирани, а во тек се хируршки интервенции за спасување на нивните животи.

Едно лице рането во престрелката по лекување во Општата болница во Цетиње итно е пренесено во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица.

Полицијата го уби напаѓачот Вучко Бориловиќ (34), пренесува „Новости“.

Напаѓачот спречувал брза помош да дојде до повредениот пред да биде убиен од полицијата.

Околу 16:00 часот пукал од огнено оружје кон сограѓаните зад зградата на Владата.

Иако веќе е потврдено дека причина за крвавиот масакр бил семеен судир, неофицијално се дознава дека кај граѓаните во Цетиње се шири паника дека нападот има врска со конфликтот за манастирот, иако тоа не е точно.