12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Рекордна стапка на смртност од Ковид-19 во Нов Зеланд

Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфeкции со омикрон сојот се покажа особено катастрофален за постарата популација.

Според податоците на Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули, од Ковид-19 починале 151 лице, додека во најлошата недела од претходниот бран во март годинава, починале 115 лица. Во последните 24 часа починале уште 26 лица, сите на возраст над 60 години.

Во новиот бран на инфекции во Нов Зеланд, земја со 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта БA.5.

Брзата реакција на владата на пандемијата, со многу строги ограничувања и висока стапка на вакцинација, се сметаше за добар пример за борба против Ковид-19, но од крајот на минатата година инфекцијата се шири со несмалено темпо.

Под притисок се клиниките за општа пракса, итните служби и болниците, иако бројот на хоспитализирани е нешто помал од март.

Засега Владата не воведува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, а Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските бидејќи децата се враќаат на училиште следната недела по распустот.