12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Олаф Шолц: Сите сме пред голем предизвик

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги отфрли критиките на Шпанија и Португалија во врска со одлуката на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас, со порака дека сите заедно се соочуваат со голем предизвик.

Шолц истакна дека ниту една земја не може да каже дека не е засегната од поскапувањето на енергетските производи и особено на гасот.

Германскиот канцелар истакна дека кој мисли дека нема потреба да се грижи за тоа дека потрошувачката на гас мора да се намали „не е од овој свет“ бидејќи тоа е глобален проблем.