15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Рама: За Албанија веќе нема пречки за преговори со ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека веќе нема никакви пречки за преговорите на Албанија за прием во Европската Унија.

Рама ова го изјави по одлуката на македонското Собрание да го усвои францускиот предлог за влез во ЕУ.

„ Веќе нема никакви пречки за преговорите за членство на Албанија во Европската унија. Парламентот на Северна Македонија штотуку даде зелено светло на последниот француски предлог. Апсурдното држење на Албанија како заложник заврши“, напиша Рама на Фејсбук.

Тој додаде дека претходните три години од одлуката на Европскиот совет да го отвори патот за преговори за Албанија биле полни со предизвици кои биле тест не само за владата, туку и за народот и нивниот карактер.

Рама изјави дека сега е отворено ново поглавје во процесот на евроинтеграции.