13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски амбасадор: Моравме да ја нападнеме Украина, тоа е неопходен бунт против САД

Амбасадорот на Русија во Велика Британија вели дека неговата земја најверојатно нема да се повлече од јужниот брег на Украина. Андреј Келин изјави за новинската агенција Ројтерс дека неговата земја ќе ги победи украинските сили во источниот регион Донбас.

„Ќе го ослободиме целиот Донбас. Се разбира, тешко е да се предвиди повлекување на нашите сили од јужниот дел на Украина бидејќи веќе имаме искуство дека по повлекувањето почнуваат провокации и се пука во луѓе и сето тоа“ – изјави Келин.

Ројтерс пишува дека зборовите на Келин покажуваат дека Русија го гледа можниот крај на војната во Украина како присилна поделба што ќе ја остави Украина без повеќе од една петтина од нејзината постсоветска територија.

Келин рече дека, порано или подоцна, Украина ќе мора да одлучи дали ќе склучи мировен договор со Русија или ќе продолжи да оди во пропаст.

Келин рече дека Западот не ги разбира причините за конфликтот и ја игнорирал загриженоста на Русија.

„Приказната е многу кратка: Русија беше агресивна против невината Украина. Тоа воопшто не е вистина“, рече тој, додавајќи дека „специјалната воена операција“ е неопходна бидејќи Москва мораше да ги брани луѓето што зборуваат руски од прогон.

Тој, исто така, го опиша како неопходен бунт против САД, кои ги обвинува за понижување на Русија од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Спонзорирано: