17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев: ЕУ би можела да исчезне пред да ја прифати Украина

Пристапувањето на Украина во Европската унија е можно само во средината на векот, а дотогаш самата асоцијација би можела да исчезне, изјави денеска Дмитриј Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбеднодт на Русија на својот „Телеграм“ напиша дека ситуацијата со пристапувањето на Украина во ЕУ е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но има многу непроверливи апстрактни услови.

Нивната објективна проверка е невозможна, продолжи Медведев, тие ќе бидат верификувани со децении и тоа ќе го прават новите генерации лидери на ЕУ, затоа „вистинскиот термин е средината на векот, а не порано“, пренесува ТАСС.

„Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ исчезне дотогаш? Страшно е да се мисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви жртви беа принесени до олтарот за влез во ЕУ и какво изневерување на очекувањата на несреќникот“, додаде.