Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека членките на aлијансата ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со тешко оружје и системи со долг дострел.
Столтенберг на прес-конференција рече дека очекува членките на самитот на НАТО да се договорат за нов пакет помош за Киев.
„Исклучително сме фокусирани на зајакнување на поддршката“, рече генералниот секретар на НАТО.