14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Македонец со автомобил излета во реката Босна, на покрив чекал да го спасат полицајците

Утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој, БиХ, Македонецот З.Љ. (48) со скапо „Ауди Ку7“ излетал во реката Босна. Мажот останал без повреди, велат од полициската управа за Српскаинфо.

– Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој – појаснија од полицијата.

Од полицијата велат дека тој превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом Добој. Полицајците извршиле увид на настанот.

Како што претходно објави „Српскаинфо“, тој по несреќата излегол од автомобилот и се качил на покривот и чекал помош. Со чамец му помогнале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.