10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Вучиќ: Шолц силно побара Србија да се приклучи на санкциите против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Олаф Шолц, канцеларот на Германија, многу силно побарал Србија да се приклучи на санкциите против Русија.

– Разговаравме за севкупната политичка ситуација во Европа и светот, а тој отворено и силно побара да се приклучиме кон санкциите – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека тој од своја страна зборувал за традиционалните врски меѓу Србија и Русија, но и за претстојната зима.

– Ви благодариме што понудивте помош во енергетиката и рударството – рече претседателот на Србија и додаде: – Никогаш не ги кријам темите за кои разговаравме.

Шолц во Белград допатува од Приштина, каде по денешната средба со премиерот Албин Курти рече дека во ЕУ нема место за земјите кои меѓусебно не се признаваат.

Вучиќ му приредил свечен пречек на Шолац со државни почести пред палатата „Србија“, на кој присуствувале и членови на владите на Србија и Германија.