Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Силно невреме со град го зафати неготинско, големи штети врз дел од земјоделските региони

Вчера во попладневните часови Општина Неготино беше зафатена со невреме со обилни врнежи на град и ветер. Зафатени се неколку атари на земјоделско земјиште кое на некои места е 100% уништено и тоа кај месноста викана Калдрма, потоа кај месностите викани Бучето, Скрката, Дубровско, како и Црно Поле.

На лице место излегоа претставници на општината да ги увидат првичните штети, а од понеделник ќе се формира комисија за процена на штети која во наредните 10 дена ќе ги прима пријавите за штетата.

Во градското подрачје од невремето паднати се неколку дрвја кои веднаш биле отстранети од страна на екипите на ЈКП Комуналец, а исто така во приватен имот е урнат и еден потпорен ѕид кој во текот на денот се санира.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да работат на 25 мај

ДЕСК