12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Ерменец удрил луѓе во автомобил во Берлин, специјалците ја пребаруваат неговата куќа

Автомобил удрил во група пешаци во Берлин утринава околу 10.30 часот, при што загинало едно лице, а осум се тешко повредени, од кои пет се во животна опасност, соопшти берлинската противпожарна служба.

Пријавено е дека голем број луѓе се здобиле со полесни повреди кога автомобил Рено Клио удрил во група пешаци на плоштадот Брајчед во близина на железничката станица во западниот дел на Берлин околу 10:30 часот.

Автомобилот застанал на излогот на продавница, а возачот потоа сакал да побегне од местото на настанот. Но, тој бил сопрен од случајни минувачи и предаден на полицијата.

Според „Билд“, 29-годишен маж е уапсен бидејќи возел автомобил кој влетал во луѓе. Тој е Германец со ерменско потекло кој живее во Берлин.

Специјалната полиција ја претресува неговата куќа во берлинскиот кварт Шарлотенбург, пишува Билд. Тој, наводно, и бил познат на полицијата порано за кривични дела поврзани со имот.

Спонзорирано: