22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Захарова огорчена: Европа ја заградува Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека не Москва ја гради „железната завеса“, туку дека Европа ја оградува Русија.

Изјавата на Захарова доаѓа откако Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија го забранија летот на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој имаше намера да ја посети Србија.

– Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Земјите членки на Европската унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација.

Нема да има железни завеси, во крајна линија, од наша страна, не треба да се грижите, Европската Унија е таа што ја заградува Русија со завеса. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да научите нешто – рече Захарова.

Спонзорирано: