12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Оваа Влада за 120 дена направи повеќе од некои влади за 4 години

Големи се предизвиците, несомнено, меѓутоа кога ќе погледнам наназад, после 120 дена можам да кажам дека она што оваа Влада, во услови на вака голема економска криза за 4 месеци направи повеќе од она што некои Влади го направиле во 4 години, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју на Канал 5 телевизија.

„Несомнено да се биде премиер и да се биде дел од Владата во услови на ваква голема економска криза која што не само што е предизвикана од здравствената пандемија, туку и од војната која што се води на европскиот континент, на само 1000 км од нас, е голема одговорност. Секако дека предизвиците беа големи. Меѓутоа, кога ќе погледнам 4 месеци наназад после 120 дена тогаш можам слободно да кажам дека она што оваа Влада го направи во 4 месеци е повеќе од она што некои влади го направиле во 4 години.“ рече Ковачевски.

За сработеното во изминатите неколку месеци, премиерот Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија додава:
„Во однос на она што оваа влада го направи во тие 120 дена, особено во првите 100 дена, беше прво обезбедувањето непречено снабдување на Скопје со топлинска енергија, обезбедување на електрична енергија без никакви прекини, субвенционирање на таа електрична енергија за да немаме ценовен шок за граѓаните, зголемување на минималната плата на историско ниво од 18 илјади денари, зголемување на пензиите, исто така најголемо во историјата. Потоа зголемување на платите на просветните работници преку преговорите со СОНК, ќе следува 15% зголемување кое што заедно со претходните 21%, кумулативно над 36% зголемување на платите на просветните работници. Да не заборавиме дека во минатото за 10 години само 4% беа зголемени. Се зголемува и буџетот, меѓутоа се зголемуваат и капиталните инвестиции во буџетот.“ вели премиерот Димитар Ковачевски.