12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кинез ги прекршил мерките за изолација, 5.000 луѓе одат во карантин поради него

Ковид-пациент од Пекинг е под кривична истрага откога избегнал задолжителната куќна изолација поради што 5.000 негови соседи морало да бидат ставени во карантин.

Официјалните лица соопштија дека на човекот во своите рани 40-ти му било наложено да се изолира дома по влегувањето во трговски центар на 23 мај, каде што постоел ризик од инфекција, објави „Гардијан“.

Тие изјавија дека за време на периодот на изолација тој излегол многупати, шетал во заедницата ризикувајќи ширење на епидемијата пред неговата сопруга и тој да бидат позитивни пет дена подоцна.

Како одговор властите наредиле 258 луѓе што живеат во неговата зграда да одат во владиниот центар за карантин, а уште 5.000 луѓе што живеат во неговата населба сега мора да останат дома.

Инаку, во Пекинг се отворени библиотеки, музеи, кина и спортски сали, со ограничен број луѓе, во области каде што седум дена по ред не се пријавени случаи на Ковид-19.

Шангај планира, конечно, да го укине двомесечното затворање, но според „Ројтерс“, сè уште постои конфузија за тоа како ќе изгледа ваквото укинување.

На компаниите им било кажано дека може да продолжат со работа, но на повеќето жители и натаму не им е кажано дека може да ги напуштат населбите.

Најголемиот дел од јавниот сообраќај и натаму е во прекин, а приватните возила не смеe да се движат на улиците без посебна дозвола.