12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шпанскиот министер за надворешни работи: Го поддржуваме прекинот на увозот на руска нафта во ЕУ

Шпанија го поддржува новиот пакет-санкции на ЕУ против Русија, но сè уште нема договор бидејќи некои земји членки остануваат во голема мера зависни од увозот на руска сурова нафта и не би сакале да го блокираат, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес.

„Имаме две цели кога ќе одобриме пакет-санкции. Едната е да не дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да ги финансира своите воени напори со европски пари, а другата е да не дозволиме војната на Владимир Путин да ја дестабилизира Европската Унија“, рече Албареш за државната ТВЕ.

Шпанија го поддржува новиот пакет-санкции на ЕУ против Русија.