17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Тито му кажа „НЕ“ на Сталин, Македонија му кажува „НЕ“ на Путин!

Западот и помага на Југославија (и на Македонија) кога е најтешко. Не само за време на антифашистичката борба и по војната кога земјата се соочува со глад. Западот воено ѝ помага на Југославија (и на Македонија) кога Тито се соочува со реална закана од воена инвазија од страна на Сталин. Западот економски ја помага Југославија (и Македонија) и кога престанува опасноста од воена инвазија од СССР, пишува Фронтлајн.мк.

Заканата од советска инвазија на Југославија по резолуцијата на „Информбирото“
Експанзионистичката и империјалистичка политика на Путин и Русија денес во многу работи наликува на политиката на Сталин и СССР по Втората светска војна. Да потсетиме, под диктат на Сталин и Советскиот сојуз, Информбирото ја донесе својата фамозна Резолуција против Југославија во 1948-та година во Букурешт. И називот на резолуцијата беше дел од Сталиновата пропаганда против Тито: „Југословенската комунистичка партија во рацете на шпиони и убијци“. КПЈ беше осудена и изолирана поради одбивањето да биде послушна на диктатите на СССР, а Тито беше пропагандно оцрнуван како „нацист“, „шпион“, „убиец“ и платеник на Западот.

Осудата на Сталин доаѓа по чекорите кои Тито ги преземал без консултација со Москва, за создавање на „Балканска федерација“ заедно со Бугарија, Албанија и Грција. Ваков силен Балкански сојуз, со кој се решаваше и македонското прашање, воопшто не му одговараше на Сталин, кој сакаше да ги држи балканските земји во состојба на потполна потчинетост.

По резолуцијата на Информбирото, следуваа бројни закани на Советскиот сојуз и неговите сојузници на Балканот за воена инвазија врз Југославија. На границите на Унгарија, Романија, Бугарија и Албанија беа позиционирани силни воени единици на Советскиот сојуз и неговите сателити. Пограничните инциденти и уфрлањето на диверзанти на територијата на Југославија чија цел беше да се испровоцира повод за вооружен конфликт на Источниот блок со земјата – станаа секојдневие.

Целата анализа прочитајте ја на Фронтлајн.мк.