26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина сопругот на учителката убиена во масакрот во Тексас

Сопругот на учителката Ирма Гарсија, една од двете возрасни жени убиени во масакрот во училиштето во Тексас, почина од срцев удар. Нејзиниот внук ја објави информацијата на Твитер, пишува Еј-Би-Си.

„Со длабока жалост морам да ви кажам како од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, молете се за нашето семејство. Боже, смилувај ни се, ова не е лесно”, напиша Мартинез.

Тој отишол да остави цвеќе на гробот на својата трагично почината сопруга. Но, кога се вратил дома, одеднаш паднал.

„Мојата тетка Ирма и Џо Гарсија се заедно од средно училиште и зад себе оставија четири прекрасни деца. Тие имаат 23, 19, 15 години, а најмладата има само 13 години“, напиша тој на Твитер. Оваа информација ја потврди и новинарот на Фокс од Сан Антонио, Ерни Зунига.

Нападот ги остави скршени срцата на многу семејства. Ваквите трагични настани често се случуваат во САД, и покрај напорите на властите да преземат посериозна одговорност.

„Таа се жртвуваше за да ги заштити децата во својата училница“, напиша нејзиниот внук на Твитер и додаде: „Таа умре како херој, многумина ја сакаа и на сите навистина ќе ни недостига“.