Кафето е омилен пијалок на многу луѓе, а секој вљубеник не може ни да замисли да го започне денот без него.
Без разлика дали тоа е навика или задоволство од кое не сакаме да се ослободиме, факт е дека го консумираме речиси секој ден.
Кафето има многу здравствени придобивки, но и недостатоци, а популарните Јутјубери Крег и Чина Бензин решија да се откажат од него на три месеци.
“Кога не пијам кафе, мускулите ми се отежнуваат, не сакам да правам ништо. Се чувствувам ужасно без тоа и не ми изгледа добро. Освен тоа, многумина велат дека откажувањето од кафето ја излечило нивната несоница. “, рече јутјуберот.
„Чувствувам дека сонот ми се подобри. Сè уште е лошо, но подобро е, подобро лошо, подобро лошо…“, вели Крег, додавајќи дека претходната ноќ спиел 7,5 часа, што претходно му било исклучително тешко.
„Се чувствувам фантастично“, додаде тој. Сè се случило по околу 50 дена без кафе.
Дуото веќе еднаш се обиде да го спроведе овој експеримент, но тој траеше само еден месец. Сега успеале да не го пијат подолго време, а престанале да консумираат и други пијалоци кои содржат кофеин, како што се газираните сокови.
“Кафето го прикриваше фактот дека често сум уморен. Можеби сега спијам подобро бидејќи се чувствувам подобро кога ќе се разбудам, посвеж сум. Сепак, би можел и многу брзо да се вратам во кревет”, објаснува тој.
Само по два месеци без кофеин тие видоа вистински придобивки.
„Немав мотивација цел месец. Навистина ми недостигаше фокус“, истакна Крег, додека Чина објасни дека сега пие кафе без кофеин.
“Посакувам да не бев толку зависна од кафе. Сега дојдов до моментот кога се чувствувам како да сум пиела кафе со кофеин, а се уште го пијам ова без”, рече таа.