21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР ГИ ВРАЌА МААЛСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ – слободно побарајте од нив совети за лична заштита

Новиот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, ги враќа маалските полицајци во општната, од кои, вели, граѓаните треба да чувствуваат поголема безбедност.

Тој оваа новина ја претстави вчера пред граѓаните од населбата Пролет.

„Маалските полицајци ќе бидат нашите нови пријатели кои ќе се грижат за безбедноста на граѓаните. Доколку ги видите поздравете ги и побарајте совети за лична заштита, но и споделете важни информации во однос на безбедноста во вашето маало.

Враќањето на маалските полицијаци е голем чекор во зголемување на безбедноста, но и соработката меѓу граѓаните и полицијата. Вечерва на оваа тема разговаравме со граѓаните од наслеба Пролет. Голема благодарност до претставниците на МВР кои беа љубезни да ги советуваат присутните како подобро да се заштитат себе и безбедноста на своите имоти“, напиша Герасимовски на фејсбук.

Спонзорирано: