14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бектеши: Според сите показатели годинава ќе бидат постигнати очекуваните резултати во туризмот

„Туризмот во последниве години се соочува со многу предизвици, кои влијаат на развојот на оваа индустрија. Имајќи предвид дека ова се светски кризи, во соработка со Светска туристичка организација се обидуваме да најдеме најдобри модели за справување со истите. Според сите показатели оваа година ќе бидат постигнати очекуваните резултати“. Ова го проача министерот за економија Крешник Бектеши по повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот.

Како што кажа министерот според податоците во првите шест месеци годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,7 %, а кај странските зголемувањето е за 109,9 %.

“Иако овие бројки се за поздравување свесни сме дека сегашната криза со електричната енергија создава голем проблем во туристичката и угостителската индустрија. Кризата со недостаток на кадар исто така е во нашиот фокус и заедно со стопанските комори и здруженија и Академската фела работиме на изнаоѓање на решение за истото. Сето ова покажува дека туризмот е и ке биде приоритет на Владата на РСМ бидејки сме свесни дека е една од најзначајните гранки во економијата на нашата држава. Но, решението не можеме да го најдеме ние сами без Ваша поддршка, како и во минатите години така и во иднина заедно ќе работиме на изнаоѓање на решенија за сите проблеми со кои се соочуваме, кажа Бектеши.

Министерот нотираше дека во минатото сме докажале дека кога заедно се справуваме со проблемите резултатите се многу подобри што го покажува и Барометарот на Светската туристичка организација , според кој во 4тото издание објавено во јули 2022 година, нашата Држава е на 5 место за најповолна афирирмирана туристичка дестинација од странските туристи што ја посетиле нашата земја.

„Денеска сме тука да го одбележиме овој светски настан, кој се одржува под глобалното мото „ Rethink Tourism “ и да ги одбележиме сите оние бројни мали можности, кои го прават голем туризмот во државата. За таа цел оваа година наместо признанија за успешни агенции, хотели да се потсетиме на луѓето кои се најзаслужни што туризмот денеска е една од главните теми во Нашата држава“

Секторот за туризам заедно со Советот за туризам направија селекција при што е донесена одлука за доделување на Признанија за животно дело за исклучителен придонес во развојот на туризмот, афирмацијата и промоција на Република Северна Македонија на меѓународен план на 20 доајени на македонската туристичка индустрија.

Признанија за животно дело беа доделени на: Илија Камнар (постхумно), Зибер Бислими (постхумно), Енвер малиќи (постхумно), Ставре Николовски (постхумно), Олгица Илоска (постхумно), Миомир Рафајловски, Јуксел Керим, Дончо Таневски, Славе Сирачевски, Мирослав Чоневски, Менан Мемеди, Петар јанев, Меџит Цапа, Стефан Мишевски, Радослав Симевски, Јован Танаскоски, Миле Спироски, Стојан Филипоски, Ангел Иванов, Перо Митров.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Брзи резултати со овие 6 трикови: Како да станете фит без гладување и вежбање

M T

НЕМАЛЕ С*** ЕДЕН МЕСЕЦ: Два пара направија ЕКСПЕРИМЕНТ, а еве ги резултатите од АПСТИНЕНЦИЈАТА

M T

Северна Кореја тврди дека бележи добри резултати во борбата против епидемијата

M T

Престанале да пијат кафе ТРИ МЕСЕЦИ: Еве ги резултатите

M T

Бектеши и министри од регионот во Софија ќе разговараат за снабдувањето со енергенти

M T