17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Потврдена ДНК анализата: Телото пронајдено на Ада Хуја е на Матеј Периш

Според првите информации по обдукцијата, телото кое вчера беше ексхумирано од Ада Хуја е на Матеј Периш.

Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење.

Се уште се чекаат резултатите од токсиколошката анализа кои ќе бидат готови за дваесетина дена.

Периш исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога ги оставил своите пријатели во белградскиот клуб „Готик“. Оттогаш неговото исчезнување е голема мистерија за сите.

Веднаш беа објавени снимки од неколку камери на кои се гледа како Периш трча, запира такси, повторно трча, а потоа наводно се спушта покрај реката.

Она што е сигурно е дека Матеј го напуштил клубот и почнал да трча низводно по Сава, кон Шеталиштето. Беше само во црна маица и не застана. Имаше страв дека некој го брка, меѓутоа на една од снимките што се појави јасно се гледа дека Матеј брзо трча по улица полна со луѓе, но никој не е на петици и се е мирно.

Матеј во еден момент поминал покрај возило кое изгледа не го забележал, а поминал и меѓу автобусот и оградата, игнорирајќи ја опасноста од сообраќајот.

Таткото на Матеј Периш помина два месеци во Белград, цело време надевајќи се дека неговиот син ќе биде пронајден.