Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во Украина Свет

Финска повика на трпение откако Ердоган кажа „не“ за нивно членство во НАТО

Финскиот министер Пека Хависто повика на трпение и постепен пристап како одговор на отпорот на Турција кон членството на Финска и Шведска во НАТО.

Претходно денеска, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека не е можно Турција, членка на НАТО, позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за пристапување во алијансата, велејќи дека двете земји се „како дом на терористички групи“, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

„Во парламентот има такви кои го поддржуваат тероризмот. Не можеме да гледаме позитивно на тоа“, рече Ердоган.

Во јули 2020 година, Турција остро го критикуваше видео разговорот меѓу шефот на шведската дипломатија и членовите на сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија, која Анкара ја смета за терористичка организација.

Одлуката за членство во НАТО ја носат едногласно земјите членки.