20.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Папата има проблеми со здравјето?

Посетата на папата Франциско на Либан во јуни е одложена бидејќи тој во последно време напорно оди, изјавиле извори од Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.

Последниве недели, според написите, папата имал силни болки во десното колено, со долготраен ишијас.

Посетата, закажана за 12 и 13 јуни, била најавена од либанската влада. Ватикан никогаш официјално не го објави тоа, но папата го спомена во последните интервјуа, пишува во новинарските извештаи.

Два извора, кои сакале да останат анонимни, бидејќи не смееле да зборуваат за такви работи, кажале дека главната причина за одложување на посетата е здравјето на папата.

Планот за средба на папата со рускиот патријарх Кирил на 14 јуни во Ерусалим е веќе откажан поради војната во Украина.

Посетата на Либан најверојатно ќе следи по летото, изјавил еден од изворите.

Папата треба да ги посети Јужен Судан, ДРК и Канада во јули.

Минатата недела, тој за италијански весник изјавил дека прима инјекции за полесно да се движи.