5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Милевски: Срамота е ВМРО-ДПМНЕ да го нуди Ставревски за да ја советува Владата

Кој закон е лош? Сакам ВМРО-ДПМНЕ еден закон да ми каже кој е лош. Нека си блокираат колку што сакаат, но ние нема да возвратиме на брутален начин, вели министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „24 анализа“ после најавената утрешна блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, поранешниот министер во владата на Никола Груевски и актуелен член на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставревски, не е врвен експерт за да Владата го прифати да ја советува Владата, како се градат „барокни фасади, врби во Вардар, уметнички слики од милион евра“.

-Немаат поиновативно решение од Зоран Ставревски. Јас да сум на местото на Ковачевски во првата минута ќе ги одбијам, а не за 30 минути. Срамота е што го понудиле, кажа Милевски.

Спонзорирано: