23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Ние не сме агресори, ќе ја поддржиме Русија на секој начин

Белорусите не се агресори, но на секој можен начин ќе ја поддржиме Русија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Тој на церемонијата на положување венци на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот рече дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија, пренесува „Белта“.

„Секогаш сме биле заедно, секогаш сме биле обединети. Нема да можете да нè растргнете и разделите“, нагласи Лукашенко.

Тој му порача на Западот дека Белорусите се мирни, но да не се ни обидуваат да разговараат со Минск од позиција на сила.

Зборувајќи за западните санкции, Лукашенко рече дека Белорусија ќе издржи и челични“ санкции, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано: