12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
rpt
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Менувањето на Уставот не треба да е предуслов за почеток на преговорите со ЕУ

„За промената на Уставот, јасно кажавме дека содржински немаме проблем било која заедница да е вградена во Уставот, но сметаме дека пред почетокот на преговорите со ЕУ тоа не е ни корисно, а ни возможно. Не сметаме дека менувањето на Уставот треба да е предуслов за почеток на преговорите, бидејќи за тоа ни треба повеќе време и градење доверба“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека ставот на Владата остнува дека тој процес треба да се заврши до нашето членство во Европската Унија и кажа дека остануваат посветени на разговорите со Бугарија и наоѓање решение за подигнување на ветото.

„Наша водилка во преговорите е Резолуцијата усвоена од Собранието, за која гласа сите партии. Таму се обврзавме да се грижиме за идентитетот, историјата и главните обележја на државата и на македонскиот народ. Преговараме врз основа на тој документ и ниту едно решение нема да биде надвор од тој документ“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека Северна Македонија влегува во процесот со самодоверба и знаење за тоа кои сме и што сме и дека ниту еден процесот не може да го промени тоа.