17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Оваа Влада доби на маса многу проблеми, тешки проблеми и сите треба да ги решава одеднаш. Тоа е голем предизвик но тоа е шанса за голем успех.

Во однос на процесот ќе кажам неколку работи. Мислам дека по прв пат во однос на преговорите со БГ, по прв пат воспоставивме систем на рациоанлни разговори, кои се водат на повеќе теми, кои ги даваат некој диверзификација на темите ан кои разговараме. Процесот престана да биде заробен само од одредени прашања, пред се поврзани со историјата и тој пристап нова енергија даваат резултати, без разлика на сите пречки.

Она што ни е нам најважно е тој дијалог да се води достоинствено во духот на меѓусебното почитување и европските вредности. Реализираме и реализиравме конкретни проекти, ги подобривме односите и комуникацијата. Петте раб.групи направија многу. Таа енергија треба да ја искористиме за време на оваа година и за време на франц.претседателство и да направиме сериозен напредок.

Добриот контекст е што Франција претседава со ЕУ затоа што е една од највлијателните држави во ЕУ а претседателот Макрон лично се залага за напредок на евроинтеграциите на ЗБ.

Јас лично мислам дека траекторијата на движење што ја воспоставивме со новиот пристап со Владата на БГ е таа единствено што може да не доведе до некаков успех. Сите пречки што се јавуваат на патот јас ги гледам како напори на радикалните нациоаналисти од двете страни на границата да не успееме во нашите напори. Битно е дали ќе успееме ние како рационална прогресивна, проевропска влада или ќе дозволиме да преовлада радикалниот национализам.

Ние сме подготвени да ги продолжиме овие разговори секако грижејки се за нашите национални интереси.

Наш клучен национален интерес е заштита на македонскиот јазик и мк идентитет но исто така заедно со таа заштита на идентитетот да ги почнеме преговорите за членство после 17 години.

Во однос на подготвеноста можам да кажам дека РСМ е една од државите кандидатки со најдолг стаж, 17 години го имаме статусот на кандидат а 2001 сме прва држава која што некое кратко пред Хрватска го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација. Кратко време односно заедно со Хрватска стекнавме и кандидатски статус.

Последните 5 години се периоди на интензивен напредок во делот на европските интеграции и тоа треба да се верификува.

Имаме некое ниво на 45% подготвеност или усогласеност со системот на ЕУ, тоа воопшто е е малку и тоа ветува дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат предолго и премногу во однос на исполнувањето на условите и усогласување на нашиот систем.

Најдобар репер за тоа се извештаите на ЕК, тие секоја година особено од 2009 наваму сме добиле многу пати позитивни извештаи, некои со повеќе некои со помалку критики и напредок, но последните 4-5 години добиваме навистина добри извештаи кои што и ги верификуваат успесите но исто така ги препознаваат слабостите кои ни даваат мотив да продолжиме напред.

По последниот извештај нивото на подготвеност на РСМ е најголемо, највисоко во регионот. Во првиот кластер – темели стоиме подобро дури о ддржавите кои што преговараат. Имаме добра стартна позиција но треба да ни се даде прилика да почнеме.