25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уапсени тројца скопјани кои го запалиле „аудито“на Шилегов

Полицијата уаспила тројца скопјани осомничени дека го запалиле „аудито“ на поранешниот скопски градоначелник Петре Шилегов, пред околу два месеци во Тафталиџе.

-На 27.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б., и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 09.03.2022 на ул.„Петре Пирузе“ во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5″, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот биле зафатени три други возила – „фолксваген пасат”, „нисан” и „даеву матиз”, сите сопственост на Д.М.(53), велат од МВР.

Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.