25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Некаде наставата тече нормално, некаде има штрајк. – градинките почнаа да примаат деца

Вработените во дел од образовниот сектор во некои места и натаму се под штрајк.

Откако Владата понуди 12 проценти покачување, К-15 за вработените во образованието и нов колективен договор со кој се гарантира редовен раст на платите, на многу места низ Македонија штрајкот прекина и образовниот процес продолжува.

Градинките пак во целост го прекинаа штрајкот и почнаа да примаат деца.