11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Битиќи: Не се колебаме за растот на минималната плата, платите мора да растат

„Уште од 2017 година сме на ставот дека минималната плата која ја затекнавме, од приближно девет илјад и денари е недостоинствена. Без разлика на ситуациите и дали има инфлација или не, таа плата беше ниска“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека во 2017 потрошувачката кошничка за едно семејство од четири членови се покриваше со четири минимални плати, додека сега за тоа се потребни само две.

„Јас се уште тврдам дека оваа минимална плата не е достоинствена, затоа не се колебам дали одлуката е добра или не. Но, исто така, треба да има разум кај сите чинители дека за евентуалното усогласување со минималната плата треба период на прилагодување, особено во јавниот сектор“ рече Битиќи.

Тој повтори дека Владата е за да има усогласување и зголемени плати, но повика на социјален дијалог со цел да се изнајде решение со кое ќе се направи методологија за постојан раст на платите.