19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Приведени полицајци и цариници во Црна Гора, продолжува акцијата по апсењето на Весна Меденица

Продолжува акцијата за апсење во Црна Гора, која започна со апсење на поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица, при што уапсени се повеќе лица под сомнение дека се членови на криминална група.

Меѓу уапсените се и полицајци и цариници, а акцијата е спроведена во повеќе црногорски градови, меѓу кои Подгорица, Будва и Бар.

Синоќа по распитот на Весна Меденица одредена ѝ е мерка притвор до 72 часа.

Таа беше уапсена под сомнение дека сторила две кривични дела – создавање криминална организација и противзаконско влијание.

Спонзорирано: