Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Снегот направи хаос на патиштата во делови од Хрватска

Хрватска во саботата беше изненадена од студот, а снег падна во Горски Котар и Лика и делови од внатрешноста.

ХАК ги предупредува возачите да се подготват за зимски услови на патиштата каде е можен метеж.

„Се враќав на автопатот Риека-Загреб, во колоната чекав половина час, поради гужвата не можеше да дојат чистачите на снегот, па патот не беше расчистен.

Луѓето помагаа да ги туркаат автомобилите, главно оние со погон на задните тркала застанаа затоа што не можеа да се искачат по ридот. Подоцна видов дека во правец од Загреб минуваат чистачи за снег“, вели читателот на 24.sata.hr, кој испрати снимка од големиот сообраќаен метеж поради снегот во Горски Котар.

„Застанавме кај Равна Гора, чекавме дваесетина минути. Подоцна дојде чистач на снег па сообраќајот почна да функционкра“, вели друг.

Хрватска во саботата беше изненадена од студот, а снег падна во Горски Котар и Лика и делови од внатрешноста. Државниот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за лапавица и снег за регионот Госпиќ, а ХАК ги предупредува возачите да се подготват за зимски услови на патиштата.

Спонзорирано: