20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови детали од Србија: Ги заклал родителите, па заминал кај другар со крвав дуксер

Илија Г. (21) од Атеница, општина Чачак, Србија со нож ги убил неговата мајка Светлана, таткото Милан и дедото Сретен, по што избегал кај другар.

Илија заминал кај другарот по злосторството и на себе имал крвав дуксер кој го носел додека го извршувал злоделото.

Неговиот другар не ни претпоставил за што станува збор, а неговата мајка му дала друг дуксер за да се пресоблече.

Откако земал нов дуксер, Илија избегал уште подалеку од семејната куќа, но полицијата успеала да го фати.