17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Фон дер Лаен: Злосторствата во Украина треба да ги истражат правници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен денеска изјави дека се чини оти руските сили извршиле воени злосторства пукајќи во цивили во Украина, но посочи и дека правници мора да го истражат тоа.

Враќајќи се од посетата на Украина, Фон дер Лаен, им рече на новинарите во возот дека во петокот со свои очи го видела уништувањето во градот Буча во близина на Киев, каде што тим форензички експерти почнал да ексхумира цивили од масовна гробница за кои локалните власти велат дека биле убиени за време на руската окупација на градот, пренесе „Ројтерс“.

„Мојот инстинкт вели: ако ова не е воено злосторство, тогаш што е, но јас сум лекар по образование, па правниците мора внимателно да го истражат овој случај“, рече претседателката на Европската комисија.

Спонзорирано: