Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОРвест

(Видео) СДСМ: Тимчо и Данела направија масакр на дрвја во Аеродром, a велеа нема да сечат

Додека секојдневно Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен, обвини денеска Антонио Стојановски од СДММ Аеродром.

„Се наоѓаме на улицата ‘Васко Карангеловски’ каде вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва.

Само да потсетиме дека пред локалните избори градоначалникот Муцунски вети пред граѓаните дека ќе се спротивставува на секоја сеча на дрва во општината“, истакна претставникот од социјал-демократската младина.

Тој воедно запраша зошто вчера градоначалникот Муцунски не го зштитил зеленилото и не ги поддржал граѓаните во нивните спротивставувања на сечата на дрвјата.

„Исто како и Муцунски и скопската градоначалничка Аросвска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрвја, а вчера не се појави“, нагласи Стојановски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +