17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Инцидент во Германија: Русин нападна украински свештеник на улица, полицијата трага по сведоци

Руски возач (69) нападнал Украинец (46) додека стоеле на семафор во градот Бауцен во Германија.

Според полицијата, лицата кои биле во близина на местото на нападот се обиделе да ги раздвојат.

Според германските медиуми, Русинот без причина го нападнал украинскиот свештеник со метален клуч за завртки.

Одделот за криминалистичка полиција започна истрага за обиди за нанесување опасни телесни повреди и закани. Полицијата повикала сведоци на настанот веднаш да контактираат со нив, со цел што поскоро да се заврши истрагата.

Жртва на нападот, според Билд, е украинскиот свештеник Сергеј К., кој организира различни акции за помош на украинските бегалци во Германија.

За да се солидаризира со својата татковина, на својот автомобил истакна мало украинско знаме.

Инаку, протести против руската агресија врз Украина во неколку наврати беа одржани во Германија. Примиле околу половина милион украински бегалци на кои планираат да им обезбедат услови за нормален живот, пренесува магазинот Феникс.

Исто така, низ целата земја, разни здруженија и поединци собираат помош за украинскиот народ.

Спонзорирано: