14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Градоначалникот на Днепар: Цивили, евакуирајте се додека можете

Во видеообраќање, градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, рекол дека секој што не е директно вклучен во работа на клучната инфраструктура треба да го напушти градот и да оди на побезбедно место на запад.

Како причина тој го навел влошувањето на ситуацијата во Донбас, регион во источна Украина, на кој руските сили се фокусираат по повлекувањето од северна Украина, пренесуваат агенциите.

„Жените, децата и постарите треба да се евакуираат од Днепар додека можат“, рекол градоначалникот.

Имено, на истокот на Украина расте стравот од интензивирање на конфликтот.

Слична препорака за евакуација на цивили дале и украинските власти на истокот на земјата, во Луганск и Донецк.

Спонзорирано: