20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шаленберг: Виена засега нема да протерува руски дипломати

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ги критикуваше одделните постапки на членките на ЕУ во врска со протерувањето на руските дипломати. Тој најави дека Австрија засега нема да се приклучи кон протерувањето на руските дипломати.

„Мислам дека е жално што секоја држава постапува независно по ова прашање“, изјави Шаленберг за јавниот сервис ОРФ.

Тој посочи дека го задржува правото да постапува врз основа на член 11 од Виенската конвенција, кој дозволува можност да се бара да се намали бројот на дипломати на исто ниво како земјата домаќин има во земјата чии дипломати се протерани, но тој исто така рече, дека и Русија ќе протера исто толку австриски дипломати од Москва, што де факто ќе ја затвори амбасадата.

Друга можност, објаснува Шаленберг, е дипломатите да бидат прогласени за непожелни лица поради нивните шпионски активности.

„Доколку има силни индиции, тогаш ќе преземеме соодветни чекори. Го задржувам правото да протерувам дипломати“, подвлече тој, нагласувајќи дека руската амбасада во Виена е пропагандна машина.

Тој рече дека не гледа можност за официјална посета на Владимир Путин на Виена, потсетувајќи на претходната изјава дека не гледа можност за враќање на статус кво анте со Русија, на чело со актуелниот претседател.

Тој оцени и дека досегашната европска политика кон Путин можеби била наивна, но била и коректна во тоа време.

„Сите во ЕУ лошо го проценивме. Да го проценевме добро во ЕУ, сигурно ќе реагиравме поинаку“, рече Шаленберг.

Спонзорирано: