22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Пожар во ковид-болницата во Солун – едно лице загина

Во ковид-болницата во Солун утринава избувна пожар при што едно лице загина.

Противпожарната служба соопшти дека телото на повредениот е пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау.

Не е познато што го предизвикало пожарот, а на видеото од таа локација се гледа како густ црн чад избива низ два прозорци на долниот кат од зградата.

Со пожарот се бореа 30 пожарникари со 11 противпожарни возила.

Спонзорирано: