15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

„Јас сум Џо Бајден, потпретседател на Обама“ – сегашниот го пречека бившиот претседател во Белата куќа

Поранешниот американски претседател Барак Обама денеска официјално ја посети Белата куќа за прв пат од 2017 година
Американскиот претседател Џо Бајден се пошегува на своја сметка за време на денешната прес-конференција, на која присуствуваа Барак Обама и Камала Харис, алудирајќи на неодамнешниот гаф, кога Мишел Обама ја нарече поранешна потпретседателка на САД.

„Моето име е Џо Бајден, јас сум потпретседател на Барак Обама“,

рече американскиот претседател и ги насмеа присутните во салата.
Но, тој тука не запре, туку продолжи со шегата, па кажа дека е сопруг на Џил Бајден која не е присутна бидејќи работи и држи предавања.

Инаку, поранешниот американски претседател Барак Обама денеска официјално ја посети Белата куќа за прв пат од 2017 година.

„Чест ми е да му посакам добредојде на мојот пријател, претседателот Барак Обама, овде во Белата куќа. Со нетрпение очекувам да разговараме за големиот чекор што го најавуваме денес, кој ќе го прошири опфатот според Законот за пристапна нега и ќе ги намали трошоците за здравствена заштита за Американците“

напиша американскиот претседател.

За време на својот говор на церемонијата на пуштање во употреба на новата нуклеарна подморница во саботата, Бајден ја пофали актуелната прва дама на САД за нејзината работа со семејствата на војниците и за начинот на кој го надгледуваше развојот на најновата американска нуклеарна подморница „УСС Делавер“.

„Горд сум на работата на првата дама со Обединетите сили, која започна со Мишел Обама кога беше потпретседателка. Сега таа продолжи со оваа работа“,

рече Бајден, а гафот го објави Њујорк пост.

фото whitehouse/youtubechannel