13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност. Сергеј Лавров го повтори ставот на неговата земја дека Украина организирала нешто што изгледа како масакр на цивили, нарекувајќи го лажен напад.

Тој рече дека Москва ќе бара од Обединетото Кралство да ги исполни своите обврски како претседавач со Советот за безбедност на ОН со тоа што ќе се согласи Русија да разговара за ова прашање на состанок.

„Според нашите информации, со цел да се дискредитира руската војска, Министерството за одбрана на Украина на западните медиуми им подели видео снимки снимени во градот Буча, регионот Киев, како доказ за масакрот на цивили“, соопшти Истражниот комитет.

Министерството за надворешни работи на Русија тврди дека снимката од загинатите цивили во украинскиот град Буча е нарачана од САД за да ја обвинат Русија.

„Кои се мајстори на провокацијата? Се разбира, САД и НАТО“, рече портпаролката на министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија.

Захарова додаде дека брзата реакција на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува дека приказната е дел од планот за оштетување на угледот на Русија.

Украинските власти во неделата соопштија дека истражуваат можни воени злосторства извршени од Русија, откако стотици мртви тела беа пронајдени во градовите околу Киев. Снимките и фотографиите на загинатите цивили ги поттикнаа западните земји да побараат казнување на одговорните за воените злосторства.

Русија, пак, бара Советот за безбедност на ОН да се состане во понеделник за да разговара за „провокацијата на украинските радикали“ во Буча.

На 24 февруари Русија испрати десетици илјади војници во Украина во „специјална воена операција“ за уништување на воените сили на јужниот сосед и искоренување на „опасните нацисти“.

Украинските сили пружаат силен отпор, а Западот воведе силни санкции кон Русија за да ја принуди да се повлече.

Спонзорирано: