22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Зеленски: Русија има за цел да ги окупира истокот и југот на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили имаат за цел да го окупираат истокот и југот на земјата и се пожали дека западните земји не му дале на Киев доволно противракетни системи.

Во доцните ноќни видео обраќања преку социјалните мрежи, Зеленски ги пофали и силите кои го бранат опколеното пристаниште Мариупол, додавајќи дека нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време.

– Им благодарам на сите што излегуваат на улиците во привремено окупираните градови, на сите што не се плашат да излезат, на сите што се плашат да излезат. Кога луѓето протестираат – и колку повеќе луѓе протестираат, толку потешко ќе им биде на окупаторите да не уништат и да ги уништат нашите слободи. Ова е нашата заедничка борба! Нашата заедничка борба ќе резултира со победа – рече тој.

Спонзорирано: