12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Новозаразените со омикрон се’ почесто се жалат на симптом специфичен за овој вид на ковид

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се’ повеќе луѓе се жалат на специфичен симптом предизвикан од вирусот. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на коронавирусот се’ почесто пријавуваат болка во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на зуење на ушите.

Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле заразени со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело.

Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот. Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено делумно губење на слухот.

Се советуваат сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат за ковид.