20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Москва отвори хуманитарен коридор од Мариупол на барање на Ердоган

Москва одлучи да отвори уште еден хуманитарен коридор за евакуација на цивили и странски државјани од градот Мариупол на барање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека Русија ќе обезбеди целосна поддршка за евакуација на цивили и странци, како што побара турскиот претседател.

Во соопштението се наведува дека хуманитарниот коридор од Мариупол до Бердњаск ќе биде отворен со строго почитување на прекинот на огнот.

Странските граѓани можат да одлучат дали да одат од Бердњаск на територијата под контрола на Украина или во областа на окупираниот Крим.

Москва побара од Киев писмено да потврди до руската и турската страна, како и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст и УНХЦР дека ќе се придржува до примирјето.